Зои Пемблтон ја ставила својата 61-годишна баба на продажба, наведувајќи дека „повеќе не може да го поднесе нејзиното постојано приговарање, нејзините изливи на нежност и нејзината посветеност на решавањето крстозбори“.
Девојчето не назначило почетна цена, но и пристигнале 27 понуди, од кои највисоката изнесувала две илјади фунти, пред „eBay“ да го повлече огласот.
- Имаме строги правила кога станува збор за продавање луѓе, се наведува во соопштението на „eBay“, во кое се додава дека огласот не бил ставен со зла намера и оти бабата била запознаена со неговото постоење.
|
                                                                                              [ 01-10-2009 ] |