-->

Официјално: Mercedes SLS AMG

После повеќемесечните нагаѓања конечно пристигнаа првите фотографии од новиот ултра спортски автомобил на Mercedes-Benz.

Наследникот на легендарниот Mercedes 300 SL Gullwing од 50-те години на минатиот век и замената за SLR ја носи ознаката SLS AMG во чест на тјунинг одделот на Mercedes-Benz кој е целосно заслужен за овој ултимативен ѕвер.

Во вистински Gullwing стил, SLS AMG има врати кои вертикално се отвораат и се дел од новата алуминиумска каросерија со речиси идеален 48-52% сооднос на тежината во полза на задната осовина.

За погонот е задолжен 6,2-литарскиот V8 мотор 571 KS при 6.800 вртежи во минута и 650 Nm вртлив момент, а силата на задните тркала се пренесува преку седум-степенскиот менувач.

Моторот е вграден напред, но зад задната осовина за подобра дистрибуција на масата. SLS AMG би требало да тежи околу 1.600 килограми, да забрзува до 100 километри на час за само 3,8 секунди, а максималната брзина да му биде 320 км/час.

Возачот на располагање има четири различни set-up пакети, во распон од комфорен па се до екстремно спортски, а за ефикасното запирање се грижат карбонско-керамичките дискови.


Mercedes-Benz SLS AMG ќе ја започне пазарната трка кон почетокот на следната година и тоа со цена од 177.310 евра. Официјалното претставување е предвидено за саемот на автомобили во Франкфурт.




                                                                                              [ 12-09-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com