-->

На интернет најмногу се сурфа навечер

Компанијата Arbor Networks истражувала во кое време од денот најмногу се користи интернет. Во Европа тоа е девет часот навечер, а во САД во 11 часот навечер.

Arbor Networks направи голема студија меѓу интернет провајдерите во кое време бележат најголем сообраќај на мрежата. Интернет сурферите од Соединетите Држави и Канада најмногу преферираат да седнат и сурфаат во доцните вечерни часови, па најголемо оптоварување на мрежата е во 11 часот навечер.

Сурфањето почнува во осум часот навечер и трае до доцна во ноќта. На пример, во два часот по полноќ подеднакво е голем сообраќајот како и во девет часот наутро кога Американците пристигнуваат на работа и го пуштаат компјутерот и ја проверуваат поштата и новости.

Европските сурфери не се такви ноќни птици и тие најмногу сурфаат во девет часот навечер, по што нагло се намалува оптоварувањето на мрежата.

Интересно е тоа што до неодамна најголемо мрежно оптоварување е забележано во време кога корисниците биле на работа, а врв било времето пред да ја напуштат работата. Се чини дека големите брзини на домашниот пристап на интернет ослабеле на притисок на бизнис линковите.

Истражувањето се занимавало и со тоа до каква содржина пристапуваат ноќните сурфери. Повеќето се работи за онлајн видео сервиси како YouTube и порнографија во подоцнежните часови од ноќта, а вечерта е особено оптоварена со онлајн играчи.

Бидејќи истражувањето е направено за време на летото, се претпоставува дека многу голем сообраќај е направен со игри на последица на училишните одмори, па Arbor ќе го повтори истражувањето и во другите годишни времиња.


                                                                                              [ 05-09-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com