Калвино Инман е 15-годишeн американец, кој наизглед не се разликува од своите врсници, но ова момче од Тенеси е медицински феномен и целосна мистерија за лекарите. Имено, од очите на Калвино дури и до три пати дневно тече крв!
- Понекогаш чувствувам само како ми навира крв во очите, исто како и солзите. Очите ми стануваат влажни, а кога крвта ќе почне да тече, секогаш очите ме печат, им раскажа момчето на американските медиуми, објаснувајќи дека крвта од очите понекогаш знае да му солзи меѓу минута и еден час.
- Моите другари мислат дека сум опседнат. Веќе сум навикнат на такви коментари, но во почетокот тоа навистина ме навредуваше, вели Калвино.
Неговата мајка, кога тој за прв пат почнал да плачи крв, доживеала шок и веднаш повикала брза помош.
- Тоа ми беше најстрашната работа која до тогаш сум ја доживеала, кога ме погледна и ме запраша: Мамо, дали ќе умрам? Во тој момент срцето ми се скрши од шок, појаснила мајката на момчето.
Таа очајнички бара начин како да му помогне на нејзиниот син и да пронајде некој лекар, кој би можел да ги запре крвавите солзи. - Ќе отидам каде било на светот и ќе направам било што, само некој нека му помогне на мојот син, рече на крајот неговата мајка.
Да, време е за неколку неверојатни фотографии на овој прекрасен ден. Опуштете се, релаксирајте се и погледнете неколку фотографии додека и онака сте тука! Нема да бидете разочарани ...
Летните олимписки игри 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, одлучија членовите на Меѓународниот олимписки комитет на седницата која денеска се одржа во Копенхаген. Рио ја доби ...
Интернет страницата за онлајн аукција „eBay“ го повлече огласот на десет годишното девојче од Велика Британија, кое сакало да ја продаде својата баба. Зои Пемблтон ја ставила својата 61-год ...
Жените кои секојдневни пијат најмалку 5 филџани зелен чај во просек имаат за 20 отсто помал ризик да заболат од рак на желудник, сугерира последното јапонско истражување. Експертите од ...
Microsoft го објави Security Essentials, бесплатен анти-вирус и безбедносен софтвер за сите верзии на Windows оперативниот систем. Претходно овој софтвер го носеше име Мorro и беше најавен дека ...
На 88 години вечерва почина македонскиот романсиер, драмски писател и публицист Коле Чашуле. Тој е роден во прилеп во 1921 година. Чашуле бил директор на радио Скопје, уредник ...
Замислете во цело Скопје, или во вашиот град да има само две продавници за прехрана. Само две и ништо повеќе. Најлесно е да се претпостави дека цените на артиклите внатре ќе бидат драстично ...