Јувентус ја забележа и четвртата победа по ред, овој пат жртва беше новиот прволигаш Ливорно, во вториот дуел од саботната претстава, Наполи и Удинезе одиграа без голови.
"Старата дама" поведе уште во 8-та минута по одличното нафрлање на Каморанези во шеснаесетникот на гостите, најдобро се снајде Јакинта кој со глава погоди за 1:0, со што го постигна 3-от гол оваа сезона за Јуве.
За вториот гол исто диригент беше Каморанези, овојпат асистенција во празно за Маркизио кој иако беше во прилично тешка позиција со полулоб од левата страна го совлада голманот на Ливорно.
За одбележување се и двете 100% шанси кои ги имаше Трезеге, но Французинот сепак не успеа да се запише во листата на стрелците.
Ливорно имаше одлична шанса во 65-та минута, но Буфон неверојатно интервенираше. Јуве играше без Диего, Мело, Канаваро и Дел Пјеро.
Јувентус сега е прв со 12 поени од 4 натпревари и ќе ги чека неделните дуели на Џенова и Сампдорија за да видат дали некој ќе има исто 100% учинок како нив.
|
                                                                                              [ 20-09-2009 ] |