-->

Исповед на Адријано

Екс-фудбалерот на Интер, а сега играч на Фламенго, Адријано, во интервјуто за магазинот Р7 им објасни на своите фанови каков живот живеел во Милано. Пиел што ќе му дојде во рака ...

“Тешки беа тоа денови за мене во Интер. После тоа оставив впечаток на неодговорен играч, бунтовник и кој знае што уште не.

“После смртта на мојот татко минував низ ужасна депресија и тага. Открив дека заборавам на се и се чувствувам колку-толку нормално само додека сум пијан. Затоа и пиев секоја вечер. Секоја вечер излегував во град и ништо не можеше да ме запре.“

“Не бирав што ќе пијам. Едната вечер вино, другата виски, третата пиво или пак се во една вечер. Доаѓав дома доцна ноќта и се плашев да заспијам бидејќи сигурно ќе се успиев и ќе закаснев на тренинг. Затоа и многу пати идев грогиран на тренинг. Кога Манчини ќе ме видеше таков ме праќаше дома, а во јавноста лажеа дека имам некаква повреда.“

“Бев скршен во секој поглед. Но тоа време сега го оставив далеку зад мене. Не сум склон ниту малку на сето тоа. Играм фудбал, повторно уживам на теренот и секој ден сум се посилен и посилен.“ - заврши Адријано со својата исповед.

Многу е веројатно Бразилецот да се пресели во Европа уште во јануарскиот преоден рок.


                                                                                              [ 01-10-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com