Научникот Карла Питерс од Универзитетот Браун од Роуд Ајленд, која ги проверила податоците со индиската мисија Chandraayan пронашла спектографски доказ за постоење вода, за која се чини дека е погуста на половите.
- Кога велиме „Вода на Месечината“ не зборуваме за езера, океани, па дури ни бари. Вода на Месечината значи молекули на вода и хидроксил (хидроген со оксиген) во интеракција со молекулите од карпите и прашината од милиметарскиот слој на површината, објасни Питерс.
- Голема е веројатноста подоцна да се откријат „повлажни“ површини на Месечините. Можеби највредниот резултат од ова откритие е поттикнување на критичко преиспитување на тезата дека Месечината е сува, бидејќи не е, вели Пол Лусиј од Универзитетот во Хаваи.