Имено, човекот почнал исклучиво да вози во обратна насока откако открил дека има доста талент и желба за такси акробатика.
Сето тоа започнало кога тој се враќал од забава пред шест години, и поради неисправен менувач бил принуден да се однесе до дома во рикверц - едниствена брзина која работела.
Се прогласил за шампион на возење во обратна насока, го преуредил автомобилот и одлучил да ги вози своите клиенти наназад.
- По пет години пракса ја усовршив уметноста за возење во обратна насока. Секогаш сакав да направам нешто посебно и единствено, вели лудиот таксист кој во рикверц постигнува брзина и до 80 километри на час.
Сепак, Индиецот го даде данокот на егзибиционизмот во облик на болки во вратот, грбот, и често повраќање. Во Гинисовата книга на рекорди не е запишан, бидејќи некој треба да има нон-стоп што ќе го снима, а тоа, вели, не може засега да се изврши.
Исто така, уште еден обид за овековечување на неговиот талент - добротворно возење од Раџастан во северозападниот дел до Лахоре во Пакистан - не успеа затоа што Пакистанците не го пуштиле преку граница.
Се додека не се запише во било каква енциклопедија, целиот адреналин го чува за своите клиенти во Батинде.