-->

Необично суштество снимено во Панама

И додека јавноста сеуште се прашува за какво суштество станува збор - дали е некоја нова варијанта од чудовиштето Montauk снимено минатата година на њујоршката плажа, некој нов вид на ракун или нешто седумнаесто - едно е јасно. Изгледа болно и има канџи.

Тинејџери во Панама снимиле бизарно убиено суштество кое лежело на карпа во местото Cerro Azul, северно од главниот град. Момчињата кажуваат дека од страв го нападнале суштеството и мртво го фрлиле во водата. Подоцна се вратиле да го снимат телото на сеуште неидентификуваното животно.

Фотографиите се појавиле на блоговите по криптозоологија, каде се понудени неколку одговори. Поради големите канџи некои сметаат дека станува збор за мрзливец, на кој од непознати причини му паднале влакната.

Сето ова многу потсетува на минатогодишната монструозна сензација чиј леш исплива на една њујоршка плажа. Многумина се обиделе да го идентификуваат таканаречниот Montauk Monster велејќи дека станува збор за куче, но бидејќи остатоците од животното исчезнале, до ден денес сеуште нема официјално објаснување. Суштеството изгледало вака:



                                                                                              [ 18-09-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com