Свејзи, роден на 18. август 1952, ги подигна сите на нозе со Dirty Dancing, а ги расплака со улогата во Ghost. Омилен меѓу публиката, покрај актерската кариера беше познат и по неговата прва љубов, танцувањето како и по еден по малку симболичен излет во музиката, како композитор и изведувач.
Борбата со ракот, која за него не изгледаше невозможна за добивање после првичните подобрувања по хемотерапијата, се чини дека започна да ја губи засекогаш на 19. април оваа година кога неговите доктори го информираа дека метастазите на ракот се прошириле и врз неговиот црн дроб.
20 месеци после првичната дијагноза, најсекси мажот за 1991. година според People магазинот, во својот дом и во кругот на фамилијата, почина мирно на 14. септември 2009. година.
|
                                                                                              [ 15-09-2009 ] |