-->

Одржано светско првенство во нуркање во кал

Повеќе од 150 луѓе, и покрај силниот ветeр и дожд, учествуваа на традиционалното годишно Светско првенство во нуркање во кал кое се одржа во Велс.

Натпреварувачи од цела Велика Британија се собраа со цел да учествуваат во популарниот, сега веќе 20 години стар натпревар во нуркање во кал во малиот град Llanwrtyd Wells.

За прв пат на првенството учествуваше сега 74-годишниот Гордон Грин, кој воедно и го измисли натпреварувањето. Пензионерот се појави во перки, со маска и цевка за нуркање и се нурна во 55 метри долгиот каллив канал.

Целта на натпреварот е за што пократко време да се преминат два такви канали. - Мора да пливате, но всушност најчесто се користи некој кучешки стил со цевката за нуркање, маската и перките.

Некои од натпреварувачите користат костими за нуркање, но Гордон се покажа како вистински мачо фраер и не користеше заштитна опрема. Се обиде и мене да ме натера да учествувам, но не дадов да ме убеди, изјави неговата 66-годишна сопруга Дијана.

Стотици гледачи и покрај непријатните временски услови ги бодреа натпреварувачите. За учествување секој од нив плаќа по 15 фунти, а собраните пари се даваат во хуманитарни цели.


                                                                                              [ 01-09-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com