Младиот чувар од англискиот град Нотингем тврди дека на сателитската снимка видлива преку Google Earth, го открил легендарното чудовиште од Лох Нес. Научниците се заинтригирани од идејата, велејќи дека случајот треба подобро да се истражува.
Џејсон Куки (25) ја забележал Неси сурфајќи преку сателитските снимки на веб-страниците, а за британскиот The Sun изјави: "Не можев да верувам. Совршено одговара на описот на Неси". На сликата е видливо суштество со должина од околу 20 метри под површината на водата.
Пред некое време медиумите известија дека е можно чудовиштето од Лох Нес да не ги преживеало климатските промени, бидејќи повеќе од една година не биле "веродостојни гледања" на чудовиштето.
За животното чие постоење сеуште не е утврдено првпат се слушна 1933 год. , откога е тема на многу приказни, легенди и визии, но најмногу измами.
Исто така, многу пари беа потрошени на истражување на феноменот, последен пат минатата година кога научниците со помош на звучни радари и подводни камери се обидуваа да го најдат чудовиштето. Безуспешно, секако.
|
                                                                                              [ 26-08-2009 ] |