Стазата која е широка 0,9 метри и поминува илјада метри над реката во шпанската покраина Малага и се смета за најопасен премин на светот. Била направена од работници од две електрани кои требало да патуваат од една на друга страна уште во далечната 1905, но до денес толку се уништила што останале само челичните потпирачи.
Откако пред десет години загинаа четири луѓе, стазата е затворена за јавноста, но шетачки екстремисти и луѓе на кои погледот кон смртта е потребен за нормално функционирање пронаоѓаат начини како да ги заобиколат блокадите и да се прошетаат по суицидалниот пат.
Габриел Гарсија, триесетгодишник кој кога не оди по стрмните стази работи како компјутерски инжењер, снимил неколку фотографии додека со својот брат и тројца пријатели се шетале по забранетиот пат.
-Беше застрашувачки да одам без да гледам низ пукнатините меѓу своите стопала и висината која ме зашантува, кажува информатичарот на кој при подвигот му страдале очилата. Цело време се држеле за сигурносниот појас кој се наоѓа на стазата, но на последниот дел престанува па морале самите да се спуштаат во планински манири.
Во план е обнова на најопасната стаза на светот, а проектот вклучува и изградба на пристап за инвалиди.
[ 20-08-2009 ] |