-->

Дебакл на Леонардо во првото градско дерби

Шампионот на Италија му одржа вистинска лекција по фудбал на Милан. Во градското дерби Интер со 4:0 ги декласираше Росонерите и им го нанесе најтешкиот пораз во поновата историја.

Иако повеќето фанови на Милан беа сигурни во победата, пред се благодарејќи на стартната победа на гости со Сиена, а и киксот на Интер со Бари, сепак се виде дека носењето на Снајдер е добар потег на Мурињо.

Може се ќе беше поинаку ако уште на стартот Роналдињо успееше да погоди по одличното додавање на Пато. Тоа беше и единствената посериозна шанса за домаќините. Првиот гол падна во 29-та минута по одличната акција на Милито и Тјаго Мота по која Бразилецот погоди за 1:0. Потоа Милан малку притисна, а тоа беше добра можност за контра напади.

Токму при еден таков обид Гатузо го фаулираше Ето во шеснаесетникот и Рицоли покажа на белата точка. Претходно Маикон одлично во празно го проигра Камерунецот. Милито беше прецизен и зголеми на 2:0.

Во 40-та минута голем хендикеп за Росонерите. Гатузо кој се пожали на повреда го замоли Леонардо да го извади, но остана уште некој напад. Џенаро несмасно реагираше при еден напад на Снајдер, му влезе директно во нозе, што беше уште еден жолт за него и туширање пред време. Тоа го искористи Маикон кој по акцијата со Милито прецизно стрелаше за 3:0 уште по првиот дел.

Во второто полувреме рутинирана игра на Нероазурите. Постигнат беше уште еден гол во мрежата на Сторари. Најубавиот на натпреварот, Дејан Станковиќ со прекрасен удар од околу 25 метри ја смести во левиот горен агол на голманот на Милан.


                                                                                              [ 30-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com