Џенкинс во петокот и официјално беше прогласен за осомничен, а за кратко време неговиот брод е пронајден на самата граница помеѓу САД и Канада.
Убиецот на Џасмин Фиори, бивша Плејбој зајачица и стриптизерка, бил во полицискиот округ, но властите до вчера не ја знеаја неговата точна локација, се до моментот кога персоналот на хотелот во Хоп јави за смрт на маж.
Рајан Џенкинс ја уби својата сопруга, ја исекол на парчиња, телото го ставил во куфери, а истите ги фрлил во контејнер. Убиецот е познат по учеството во две реални шоуа, "Megan Wants a Millionaire" и "I Love Money" на телевизијата VH1.
Моментално двата проекта се откажани, а продуцентите тврдат кога го провериле минатото на Џенкинс не наишле на никакви криминални активности. Полицијата известила дека Рајан Џенкинс пред две години бил осуден поради насилство.
[ 24-08-2009 ] |