Дали се сеќавате на визуелните прикази на молекули од часовите по хемија? Топки, поврзани со прави линии? Научниците од IBM успеале за прв пат да направат фотографија на атомски врски и, да, тоа навистина така изгледа.
На научниците од IBM ова им успеало користејќи микроскоп на атомски сили, а како тоа обично се случува кога станува збор за атомите, "фотографијата" која ја гледате баш и не е фотографија во вистинска смисла на зборот.
На сликата гледаме молекул на пентацен, а за да го добие нејзиниот визуелен приказ, микроскопот 20 часа мирувал само на 0,5 нанометри од неа.
Иако знаевме дека тие јаглеродни и водородни атоми изгледаат отприлика вака, ова е прв пат што имаме доказ во форма на фотографија. Вредноста на ова постигнување е немерлива, затоа што на научниците ќе им овозможи полесна манипулација со самите атоми во молекулите.
|
                                                                                              [ 28-08-2009 ] |