-->

Видео огласи во магазините

Следниот број на магазинот "Entertainment Weekly" ќе биде посебен по тоа што ќе биде првиот печатен магазин со видео оглас.

Да, добро прочитавте: секој кој ќе го купи новиот број на "Entertainment Weekly" и ќе го пролиста, на една страница ќе наиде на екран со дијагонала од два инчи, на кој ќе се вртат огласи на компаниите CBS и Pepsi.

Составот, кој го развила компанијата Americhip, овозможува околу 70 минути видео репродукција, а целиот уред (кој, освен видео екран, има и вградени звучници) може повторно да се наполни по пат на USB интерфејс.

Од Americhip тврдат дека сето ова заедно без проблем ќе може да го поднеси процесот на дистрибуција на магазинот, а нам ни останува да видиме дали оваа идеја ќе остане едниствена или ќе се претвори во тренд.


                                                                                              [ 21-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com