-->

Пушењето го уништува вкусот на храната

Научниците пронашле уште една причина зошто треба да престанете да пушите ако веќе не сте - чадот од цигарите му смета на ресичките на јазикот, па не можете да го осетите правиот вкус на храната.

Грчките научници тестирале 62 доброволци и ги утврдиле разликите во осетливоста на ресичките, брадавици за вкус, на јазикот на пушачи и непушачи. Тестовите покажале дека ресичките кај пушачите имаат поинаков облик за разлика од непушачите, на тој начин што се помалку поврзани со крвните садови, што доведува до намален осет за вкус.

Истражувањето го вршеле со електрични пулсови и колку била поголема јачината на струјата, тоа значело помала осетливост. Дури 28 пушачи имале послаб осет за вкус.


                                                                                              [ 21-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com