-->

Венецуелка повторно ја однесе круната Мис Универзум

Мис Венецуела Стефанија Фернандез ја освои титулата Мис Универзум на натпреварот кој ноќта во понеделникот се одржа на Бахамите.

Титулата така остана во Венецуела, затоа што минатата година победи Дијана Мендоза, која и ја предаде круната на својата сонародничка. Македонија немаше преставничка, додека убавицата од Косово беше избрана за втора придружничка.

Тоа е вкупно шести наслов Мис Универзум за девојки од Венецуела во 59 години одржување на овој натпревар во убавина.

Прва придружничка е Мис Доминиканската Република Ада Аиме де ла Круз. Меѓу петте финалистки беа и Мис Косово Гона Драгуша, Австралија Рејчел Финч и Порторико Мајра Матос Перез.

Освен круната, Мис Универзум Стефанија Фернандез ќе добие и парична награда чиј износ остана тајна, но и школарина за студии по глума во Њујорк во вредност од 100.000 долари, петтодневен одмор на Бахамите за двајца, накит и комплетна гардероба.






                                                                                              [ 24-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com