-->

Терапија со видео игри

Нови научни докази покажуваат дека луѓето кои страдаат од стрес, помош може да побараат во едноставните видео игри како одличниот Bejeweled.

Геил Николс е педесетгодишничка од Канзас, која открила дека видео игрите помагаат во борбата против стресот и посттрауматско стресно пореметување.

Николс посебно му се заблагодарила на Bejeweled, видео игра чии автори по нејзината изјава одлучиле научно да ја испитаат и ја контактирале Кармен Расонило, директор на една клиника.

Расонило постави хипотеза спрема која луѓето на запад едноставно не можат да ја исклучат, бидејќи тие се секогаш под стрес и узбуна.

Кога сакаат да се опуштат им станува досадно, затоа што се навикнати на стресно опкружување, а играње на некои (не сите!) видео игри им нуди доволно ментални предизвици со кои ќе им ги испразни мислите.

Таква ситуација очигледно помага кај оние кои имаат проблеми со стресот и други ментални проблеми.


                                                                                              [ 30-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com