Климатолозите за порастот на температурата во океаните ја криват комбинацијата на природниот феномен Ел Ниња и глобалното затоплување од страна на човекот.
Така ова лето може без проблем да се плива на североисточните американски брегови на Атлантикот, затоа што температурата на морето пред плажата во Меину достигнала удобни 22 степени.
Во водите на Мексичкиот залив, каде топлото море предизвикува создавање на урагани, температурата на океанот се движи околу 32 степени.
Поголем дел од водената површина на северната хемисфера има поголема температура од нормалната. Американскиот центар наведува дека температурата на морињата на Медитеранот е за степен и половина поголема од вообичаената. Истото важи и за Тихиот и Индискиот океан.
Но, најголемо покачување на температурата е забележано околу Арктикот.
[ 21-08-2009 ] |