-->

Како да се заситите, а помалку да изедете?

Појадокот кој осигурува изобилство на диетални влакна од 'рж го зголемува чувството на заситеност и го намалува внесувањето на храна подоцна во текот на денот, открива нова шведска студија.

Иако не е јасно зошто е тоа така, студијата јасно покажа дека диеталните влакна од 'рж постигнуваат поголема ситост одколку тоа што го прават влакната од други извори, како што е пченицата.

Потребни се дополнителни студии, но ова сознание би можело да стане многу важно оружје во борбата против дебелината, заклучиле авторите на студијата.

Пуканките како антиоксиданс

Ретко се зборува за пуканките во контекст на позитивен ефект врз здравјето, но сето тоа го промени една нова студија.

Научниците, имено, откриле дека пуканките содржат изненадувачки големи количини на полифенол, вид на антиоксиданс кој е поврзан со намален ризик од срцеви заболувања и рак. Со висока содржина на диетални влакна, а сега и антиоксиданси, пуканките стигнаа на врвот на најздрава закуска.


                                                                                              [ 30-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com