
- Причина за смртта е акутно труење со пропофол. Го прогласивме начинот на кој Мајкл Џексон умре: убиство, изјави во Лос Анџелес судскиот вештак кој ја спроведе аутопсијата.
Во телото на Џексон е пронајдена смртоносна доза на многу силен лек за ублажување на болка, пропофол. Полицијата за сега најмногу се сомнева на д-р Конрад Мареј, личниот лекар на Џексон, но тој не беше осомничен и за време на испитувањата постојано тврдеше дека не сторил ништо лошо.
Освен пропофолот, во телото на Мајкл Џексон се пронајдени и лековите мидазолам, диазепам, лидокаин, лоразепам и ефедрин.
![]() |
[ 29-08-2009 ] |