После седум години истражување, австралиските научници откриле еден парфем кој мириса како свежо искосена трева, а помага во ослободување од стресот и зајакнување на човечката меморија.
Тој мирис делува директно на мозокот, особено на делот одговорен за емоциите и меморијата. На идејата за создавање на парфемот дојде д-р Ник Левидис, невролог од Универзитетот во Бризбејн, а го нарече Serenascent.
За истражување на овој феномен го инспирирал излетот во националниот парк Yosemite, како и соседот кој му зборувал за тоа колку прекрасно мириса кога ќе ја искоси тревата во својата градина.
Мирисот спрема зборовите на д-р Левидис делува на амигдалот и хипокампот, во кои се наоѓаат центрите за чувства и меморија. - Тоа се делови на мозокот поврзани со активноста на ендокриниот систем, а овој мирис може да воспостави рамнотежа во лачењето на хормоните, како што се кортикостероидите, рече тој.
Мирисот има "пријатна арома на свежо искосена трева или пак густа шума", а би требало да почне да се произведува следниот месец. Неговата цена ќе биде околу десетина долари, а може да се користи како мирис за домот или облека.
Во соработка со Розмари Ајнштајн, д-р Левидис ќе се обиде да ги совпадне елементите на тие хемиски соединенија и разни други производи.