Порталот KTLA.com објави доказ кој предлагачите на теорија нестрпливо го очекуваа - Мајкл Џескон на денот на неговата смрт излегува од комбето жив и здрав.
Лицето на Мајкл Џескон , сепак, не се гледа, но спрема одењето, држењето и косата лесно може да се заклучи дека се работи за кралот на поп музиката. Или, барем некој кој верно ги "ископирал" неговите движења и имиџ.
Личноста која е сопственик на ова видео во подземната гаража во болницата во Лос Анџелес, напиша: "Ова видео докажува дека Мајкл бил жив откако неговото наводно мртво тело било транспортирано кај судскиот вештак".
"Ја проверив регистрацијата на комбето и се покажува дека кралот на поп скокна од истото возило во кое што беше неговато мртво тело. Ја имам оригиналната снимка што ја добив од сигурен и доверлив извор".
Верувале или не, сигурни сме дека во годините што следат не очекуваат еден куп докази и "докази" дека Џеко е сеуште жив.
[ 26-08-2009 ] |