-->

Јадете пуканки и заштитете се од ракот

Најновите истражувања покажуваат дека пуканките би можеле да помогнат во спречување на разни врсти на карцином.

Научниците откриле дека тие симпатични грицки содржат изненадувачки голема количина на антиоксидансот полифенол. Станува збор за антиоксиданс кој се наоѓа во овошјето и зеленчукот, а одамна е познато дека го намалува ризикот од срцеви заболувања, карцином и други болести.

Американските научници спровеле истражување кое прво докажало дека грицките и целосните житарици се одличен извор на полифенол.

-Навистина бевме изненадени кога видовме колкава количина на полифенол содржат пуканките. Значи, јадејќи пуканки добивате здрави состојки кои ви помагаат во здравјето, а и кожата ја прават поубава, истакна хемичарот др. Винсон од Универзитетот во Пенсилванија, каде е и спроведено истражувањето.


                                                                                              [ 21-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com