Реди (60) беше член на Конгресната партија, најголема индиска партија, пренесува британското радио Би-Би-Си. За главен министер на Андра Прадеш избран е во 2004 година, а на општите избори оваа година го освои и вториот мандат.
Хеликоптерот во кој покрај Реди биле и двајца негови соработници и двајца пилоти полетал од Хајдерабад за селото Анупали. Летот требало да трае два часа, а хеликоптерот се урнал на половина пат во шумската област Наламала.
Наламала е засолниште на маоистичките бунтовници, но федералните власти ја отфрлија можноста дека маостите го урнале хеликоптерот.
Во потрага по хеликоптерот учестуваа 11 авиони и хеликоптери и повеќе од 2.000 припадници на силите за безбедност.
Портпаролот на партијата, Џајанти Хатараџан изјави на локалната телевизија дека Реди бил „динамичен лидер“ и дека неговата смрт е трагедија.