-->

Заврши доминацијата на Ливерпул на Енфилд

После 31 натпревар на Енфилд без пораз, поточно од дуелот со Манчестер Јунајтед во декември 2007-та, Ливерпул повторно почуствува како е да се загуби на домашен терен.

Овој пат се радуваше Мартин О'Нил и Астон Вила. Тимот од Бирмингем ги искористи грешките на домаќините, како и неефикасноста и славеше со 3:1.

Со ова “црвените“ кои лани имаа само 2 пораза веќе во 3 натпревари го стасаа тој негативен скор од лани.

Во првиот дел преку автоголот на Лукас Леива, по еден слободен удар Вила поведе, за да во последната минута од првото полувреме преку голот на Куртис Дејвис по корнерот на Ники Шори веќе да има и 0:2.

Во вториот дел голем притисок на Ливерпул, многу шанси, фантастичен ветеранот Бред Фридел. Сепак попушти бедемот на Вила и Торес по една акција на Инсуа во 73-та влеа трошка надеж на Коп за пресврт.

Но се беше завршено во наредниот напад на Астон Вила. Џерард несмасно го собра Рио-Кокер во шеснаесетникот и му даде шанса на Ешли Јанг да се запише во листата на стрелците и да ги постави конечните 1:3.




                                                                                              [ 25-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com