-->

Растение што јаде глувци

Британски експерти пронајдоа месојадно растение кое може да проголта и цели стаорци! Ги примамува во својата ’уста’, а потоа ги заробува и ги ’вари’ со своите кисели ензими.

Ботаничарите предводени со британските експерти Стјуарт МакФерсон и Алистер Робинсон тргнаа по трагата на двајца христијански мисионери, кои во 2000 година известиле за огромно растение месојадец на падините на филипинската планина Викторија.

„Ова растение има неверојатно голема замка, која фаќа не само инсекти, туку е способно да фати и мали глодари“, вели Мекферсон. Додаде дека е неверојатен фактот што ова растение останало непознато се до 21 век.


Растението го нарекоа според познатиот истражувач и документарист сер Дејвид Атенбороу - Nepenthes attenboroughii.

Растението е со зелена и црвена боја, а има и стебло кое може да порасне до 120 сантиметри. „Кога ме повикаа и ме прашаа дали може новооткриената билка да биде наречена по мене, останав изненаден и воодушевен“, вели 83-годишниот сер Дејвид Атенборо. За него, тоа била огромна чест.





                                                                                              [ 19-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com