Главниот истражувач и судски вештак на Лос Анџелес, д-р Sathyavagiswaran ги разгледал токсиколошките наоди и сфатил дека смртта е резултат на смртоносни дози на еден моќен анестетик во комбинација со два типа на седативи, Lorazepam и Midazolam, кои му ги давал Мареј во текот на неговата последна ноќ, пренесуваат британските медиуми.
Проблемот е во фактот дека овие лекови Мареј не ги набавил легално, со користење на лиценца, а во куќата на Џексон се пронајдени многу пакувања на лекови кои го усмртија пејачот. Мареј тврди дека тој не е единствениот доктор кој му давал лекови на Џексон.
[ 25-08-2009 ] |