-->

Компирот е идеална диетна намирница

Ново истражување открило дека луѓето кои почнуваат со диета, најпрво го исфрлаат шеќерот од исхраната, а потоа и јагленохидратите како компирот. Меѓутоа, тоа е голема грешка бидејќи ...

... новиот компир за готвење, т.н. скромен компир, содржи само 26 калории и има извонредни нутритивни вредности.

Стручњаците напоменуваат дека клучот во успешна диета е тоа што подолго да се чувствувате сити затоа што на тој начин нема толку често да посегнувате по храната.

-Луѓето би требало да јадат комплексни јагленохидрати како компирот, а не слатки и кекси кои на организмот му даваат енергија на многу кратко време и предизвикуваат потреба за храна. Откривме дека компирот дава чувство на ситост и немате постојана потреба за храна, појасни др. Џеки Левин, стручњак за диети.

Најновото истражување покажува дека компирот погрешно се класифицира како намирница која дебелее, на тој начин што се избегнува од диетата. Стручњаците пак кажуваат дека скромниот компир би требало да биде една од главните намирници на менито кај оние кои се на диета.

Органски одгледаниот компир има значително повеќе предности па треба да се одбери таков. Компирот му ја дава на организмот потребната енергија која е неизбежна за нормално функционирање. Без енергија нема нормално движење, размислување, па и варење на храната.


Сподели                                                                                                                 [ 18-08-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com