-->

Да беше жив, Мајкл Џексон ќе го славеше 51-от роденден

Неколку илјади фанови на Мајкл Џексон и покрај дождот во Њујорк, во еден парк во саботата попладне го прославија неговиот 51 роденден, обележан на сите четири страни на светот.

Во почетокот на попладневните часови се собраа околу илјада луѓе во Проспект паркот во Бруклин, за да во текот на попладнето и покрај дождот бројката се зголеми на 10.000 лица.

Во Индија, неколку од најголемите ѕвезди на Боливуд, во саботата им поклонија на публиката видео снимка во чест на починатата поп ѕвезда.

Во Мексико се подготвија помеѓу 12 и 15 илјади танчери кои планираа заедно да ја одиграат славната кореографија од албумот "Трилер" од 1982 година.

Во Париз, повеќе од 2.500 фанови присуствуваа на приредбата во негова чест, со проекција на видео клипови од неговата кариера на најголемиот кино екран во Европа.

Мајкл Џексон требаше да биде погребан во саботата, на својот 51 роденден, но погребот ќе се одржи во четврток на гробиштата Форест Лон во предградието на Лос Анџелес.

Во петокот Институтот за судска медицина од Лос Анџелес во соопштението се вели дека поп ѕвездата умре на 25 јуни од "акутно труење со пропофол", силен анестетик кој беше пронајден во неговата изнајмена куќа во Лос Анџелес.



                                                                                              [ 30-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com