-->

Одел по скршено стакло 30 километри

Маж од Јоркшир постави нов светски рекорд во одење по скршено стакло. Му требале малку повеќе од 27 и пол часа да помине скоро 30 километри, а сето ова за хуманитарни цели.

Нигел Јардин (56) од Лидс за еден час поминал повеќе од еден километар по круг на скршено стакло во ресторанот Bageecha во Horsforthu, рушејќи го предходно поставениот рекорд од 960 метри. Спортскиот тренер продолжил и во следните 27 часа и поминал скоро 30 километри!

- Се навикнав да одам по стакло, но мислам дека муштериите во ресторанот не се навикнати тоа да го гледаат бидејќи секогаш го одвраќале погледот, рече Јардин. На секој час имал пауза од пет минути каде што можел нешто да се напие или да се одмори.

Се осмелил на потфатот затоа што собраните пари ќе одат во хуманитарната асоцијација за деца Action for Children, а како дете во училиште и дома бил и физички и психички малтретиран.


                                                                                              [ 24-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com