Животното старо само шест месеци го одгледал сточарот Грахам Морисон од Шкотска, а го купил фармерот Џими Даглас. Според експертите и покрај високата цена за овенот, оваа инвестиција била повеќе од добра.
Имено, претходниот британски рекордер овенот Тофил Џое, од расата тексел, на својот сопственик му донел заработка од милион фунти, откако во 2004 година го купил за 128.000 фунти.
Инаку, светскиот рекорд досега го држела овца од расата Мерино, која во 1989 година бил продадена за 205.000 фунти во Австралија.
[ 31-08-2009 ] |