-->

Рекордер: Со 17 години го препловев светот

Седумнаесетгодишен Британец во четвртокот, по девет месеци едрење, ја освои титулата на најмлада личност кој сам во едрилица го преплови светот, со повеќе застанувања на брегот и со помош на екипи од соработници во придружниот брод.

Мајк Перхам во четвртокот околу 11 часот по средноевропско време помина под Кеп Лизард, најјужната точка на Англија, објавија неговиот тим и крајбрежната стража, и така го заврши патувањето околу светот, кое започна во ноември 2008 година.

Со 17 години и 164 дена, младиот човек така го сруши рекордот кој го постави Американецот Зек Сандерленд, исто така седумнаесетгодишен, но сепак два месеци постар од Перхам, кој минатиот месец го заврши патувањето околу Земјата, според Гинисовата книга на рекорди.

Мајк Перхам уште во јануари 2007 година беше најмладата личност кој сам го преплови Атлантикот. Тогаш имаше 14 години. Во неговата петнаесетметарска едрилица Перхам помина повеќе од 26.000 наутички милји за нешто повеќе од 150 дена на море.

Патувањето го однесе во Португалија, Јужноафричка Република, Австралија и Нов Зеланд. Но, не го препловел р' тот Хорн на крајниот југ на Јужна Америка, поради лошите временски услови, па го поминал Панамскиот канал.

- Успеав, го остварив мојот сон. Не можам да дојдам при себе, рече младиот морнар. Според Гинисовата книга на рекорди, најмладата личност кој сам го препловел светот, но без застанувања и без помош од страна, сеуште е Австралијанецот Џеси Мартин, кој на крајот од 1998 година како осумнаесетгодишен го преплови светот за 327 дена.


                                                                                              [ 28-08-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com