-->

Човек алергичен на Wi-Fi

Британски диџеј не може да оди по хотели, поголем број на пабови, не може да се вози со возови или да оди по прометни улици, не затоа што е социофоб, туку едноставно е алергичен на безжичен интернет. Еден е од 2% на луѓе кои не поднесуваат електричен смог.

Стив Милер можеби би имал далеку поуспешна кариера да не е така ограничен на прашањето на кои места може да биде. Имено, диџејот познат како Afterlife алергичен е на Wi-Fi сигнали, каде непрестано треба да избегнува места каде постои безжичен интернет.

Во разговор за таблоидот The Sun изјави дека се чувствувал како во егзил. "Денес не е возможно да се најде место каде нема безжична мрежа", кажува.

"Ако ми се пие пиво, мора да одам во пабот оддалечен пет километри, бидејќи тоа е единствен во блиската околина кој нема безжична врска. Не можам да се шетам по прометни улици затоа што се загушени со електромагнетни сигнали", кажува човекот на кој модерната технологија не му е претерано склона.

Милер бил диџеј на Ибица пред да му се појави алергијата. Освен што таму ја изгубил работата поради нетипична осетливост, морал да откажи и низа настапи преку Атлантикот затоа што повеќето хотели имале Wi-Fi.

Единствено место каде се чувствува сигурен од безжичните напади е неговиот дом во малото место Фалмут. Прилично брутална приказна за клубски играч.


Сподели                                                                                                                 [ 25-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com