Еден од основачите на Sony, Масару Ибука, на своите патувања дошол до идеја за уред за репродукција на музика кој би бил преносен. Го замислил така што луѓето би можеле да го користат дури и кога трчаат. Откако инженерите ги дизајнирале и ги направиле првите примероци, Sony му го дал името Walkman.
Денес признаваат дека ова име многу им се допаднало затоа што ги потсетувало на Супермен, кој во тоа време бил популарен стрип јунак кој само година претходно станал и филмски јунак.
Продажбата запчнала на 1 јули 1979 година и во првите два месеци биле продадени 30.000 парчиња, а во следните 10 години биле продадени 50 милиони примероци. Успехот на името и уредот бил толкав што зборот Walkman во 1986 година добил место во речникот на Оксфорд.
Со доаѓањето на дигиталната ера, улогата на Walkman ја презеде iPod и токму оваа толку позната трговска марка стана симбол на неснаоѓањето на Sony во дигиталната ера. Неуспехот на MiniDisc и инсистирањето на заштитениот ATRAC формат на музика кога целиот свет преферираше Mp3 го чинеше Sony губење на пазарната доминација.
iPod стана Walkman на новиот век. Името Walkman донекаде беше рехабилитирано со прифаќање на МР3 форматот и мобилните телефони наменети за слушање музика, меѓутоа денес со овој сегмент од пазарот владее Apple.
[ 03-07-2009 ]