-->

Падна продажбата на Microsoft

Microsoft не е компанија која е навикната на падови и губитоци. Овој гигант всушност само растеше и покрај прилично лошиот прием на Vista, но рецесијата го зеде данокот па и Microsoft бележи за прв пат пад на продажбата на годишно ниво во историјата на компанијата.

Microsoft така во текот на 2009, оствари продажба од 58,44 милијарди долари, што е импресивна бројка но е сепак за 3,2 % помала од 60,42 милијарди колку заработила компанијата во истиот период 2008 година. Паднала и нето добивката, и тоа за 17 %: од 17,68 милијарди на 14,57 милијарди долари.

Иако цела година (за стандардите на Microsoft) не беше блескава, најлош беше последниот квартал, кога продажбата паднала за 17 %, од 15,84 милијарди на 13,1 милијарди долари, додека добивката паднала за цели 29 %, на 3,05 милијарди долари. Оперативната добивка опаднала во последниот квартал за 9 %, на 20,36 милијарди долари.

Од Microsoft кривицата ја ставаат на лошата продажба на компјутери и сервери, а покрај лошите резултати, мора да им се признае една работа: глобалната рецесија зафати се, компјутерите се продаваат навистина лошо. Vista-та се покажа како тотален промашај, а компанијата сепак солидно соработува. Пред крајот на годината стигнува Windows 7, па доколку се поправи економската ситуација, се очекува дека и Microsoft ќе се врати на стазите на старата слава.


Сподели                                                                                                                 [ 24-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com