-->

Метално куќиште за iPhone

Ако ниедно пластично куќиште не е доволна заштита за вашиот iPhone, можеби е време да размислите за нешто поцврсто, и многу, многу потешко.

Компанијата EXOvault ги произведува овие метални куќишта за iPhone, а се прават од алуминиум, месинг и титаниум. Звучи претешко и невешто, скинати џепови ви се загарантирани, но ако навистина ви треба цврсто куќиште, подобро од ова нема да најдете.

Цената е 95 долари за алуминиум и месинг и 300 долари за титануим. Можеби би било подобро да најдете некој ваш пријател што ќе ви изработи нешто вакво за порција ќебапи и шише вино.


Сподели                                                                                                                 [ 15-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com