-->

Издадени клучни надоградби за Internet Explorer

Microsoft издаде клучни сигурносни надоградби за својот веб прелистувач Internet Explorer, кои ќе ги спречи злонамерниците во намера на преземање надзор над корисничкиот компјутер.

Издадените надоградби решаваат три сигурносни пропусти за Internet Explorer, а се однесува на проблемите на хакерските напади за далечинско управување на компјутерите преку одредени скрипти прилагодени за веб страниците.

Корисниците на Windows кои ја имаат вклучено опцијата Automatic Updates за надградба на Internet Explorer ќе ја добијат автоматски, а оние кои не ја користат оваа опција Microsoft препорачува итна рачна надоградба.

Повеќе за самите надоградби и потенцијални проблеми во случај на хакерско искористување на сигурносниот пропуст прочитајте на оваа адреса.


Сподели                                                                                                                 [ 29-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com