Додека женскиот дел од популацијата (вклучувајќи ги и децата и старите луѓе) редовно балансира на долните граници од референтните вредности, не е реткост младите момчиња (посебно спортистите) да се чекор до прекумерна концентрација на железо во крвта.
Недостатокот од железо доведува до познатите симптоми: вртоглавица, поспаност, слабост и недостаток на концентрација, но и вишокот не е најдобриот пријател за човековото здравје. Во повисоки концентрации, железото може да има про-оксидативно дејство (спротивно до анти-оксидативно дејство) против што, научниците денес упорно се борат и изнаоѓаат средства со кои би се редуцирале штетните дејства.
Затоа, според повеќето научници, пожелно е железото да се држи поблиску до ниските референтни граници, за да не би се нарушила внатрешната рамнотежа на организмот.
Храната која изобилува со железо, првенствено е од животинско потекло: црвено месо, риба, ракови, но може и да се најде во растителниот свет, а најпознати извори на железо се: спанаќ, грашок, житарици, сливи, грозје и лубеница. Доколку сакаме да ја поттикнеме апсорпцијата на железото, треба да се зема и витамин Ц, спротивно на тоа, кофеинските напитоци ресорпцијата можат да ја намалат до 80%.
Сподели [ 23-07-2009 ]