-->

Елизабет Тејлор во болница поради исцрпеност

Елизабет Тејлор од понеделникот се наоѓа во болница поради исцрпеноста од тагувањето за трагично покојниот крал на попот.

Седумдесет и седумгодишната Тејлор хоспитализирана е од понеделникот кога и се слошило во нејзината куќа во Беверли Хилс. Елизабет Тејлор, која веќе долго време е во инвалидска количка, веќе една недела е во шок поради смртта на Мајкл Џексон.

Познато е дека Џексон и Тејлор беа долгогодишни нераздвојни пријатели, на пејачката комеморација не се појавила бидејќи била скршена од болка и плашејќи се дека нејзиното тело нема да може да издржи. После смртта на Џексон изјавила дека тој бил една од нејзините најсакани личности која таа ги познавала во својот живот. Последица од сето ова е тоа дека таа емотивно пропаднала. После константно исцрпување настапил колапс, затоа што нејзини блиски извори изјавиле за американските медиуми дека секој ден плачела за Мајкл.


Сподели                                                                                                                 [ 15-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com