Уредот на фотографијата се вика London Calling Mobile Phone, има LCD екран во боја, можност за испраќање SMS и MMS пораки, три-band GSM, GPRS i WAP. Доколку овие спецификации ви изгледаат смешни, во право сте: веќе од сликата е јасно дека всушност станува збор за сувенир кој ретко некој навистина ќе го користи како примарен мобилен.
Цената е околу 86 фунти; не е страшно, но ако се земе во обзир дека за помалку пари може да се купи значително понапреден телефон, мора навистина да го сакате Лондон и неговите телефонски говорници па за да го купите ова чудо.
Сподели [ 20-07-2009 ]