Стручњаци од Универзитетот Reading во Кардиф тврдат дека конзумирањето млеко може значително да го намали ризикот од смрт предизвикан од некои хронични болести.
Британски научници ги проучиле резултатите од 324 истражувања кои се занимавале со конзумирањето млеко. Притоа дошле до сознание дека млекото штити од бројни болести, меѓу останатото и од рак на простатата, може да ја намали смртноста за 15 до 20%.
Професорот Јан Гивенс од Универзитетот Reading посочува дека млекото нуди многу повеќе од само цврсти коски. - Нашето истражување ни овозможи да дознаеме дали конзумацијата на млеко е важна за опстанок или не. Ние врз основа на целата студија одлучивме дека е важна.
Кога се зедоа во обзир бројот на смртни случаи предизвикани од болести на крвоносниот систем, мозочен удар и рак на дебелото црево, излезе дека млекото значително го намалува ризикот од смрт од тие болести. Не пронајдовме ниту еден доказ кој сугерира дека млекото би можело да биде штетно во смисла на помагање на развој на одредени болести, со исклучок на рак на простатата.
Сподели [ 23-07-2009 ]