-->

Физички активните деца побрзо заспиваат

Научниците го потврдија она што родителите одамна го знаеја - физичката активност кај децата во текот на денот значи дека тие побрзо ќе заспијат, покажува една студија на лекари од Универзитетот во Мелбурн и Окланд.

Но, сега се знаат и пропорциите. Така на детето за секој еден час неактивност ќе му бидат потребни три минути подолго за да заспие, појаснуваат лекарите после проучување на 519 седумогодишници кои беа пратени 24 часа. Притоа не е важно за која "седечка" активност се работи, читање на приказни или гледање на телевизија. Децата на таа возраст просечно им требаат 26 минути за да заспијат.

Исто така е утврдено дека физички активните деца не само што побрзо заспиваат туку и подолго спијат, а премалку сон доведува до послаби когнитивни функции.


Сподели                                                                                                                 [ 23-07-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com