-->

Смогот делува на мозокот

Научниците за прв пат го поврзаа изложувањето на загаден воздух пред самото породување со малиот коефициент на интелегенција во детството, обелоденуваат доказите дека смогот може да има влијание на развојот на мозокот.

Научниците објавиле студија за 249 деца кои ги родиле жени од Њу Јорк. Станува збор за жени со низок социјален статус кои живеат во делови од градот како северен Менхетен и јужен Бронкс, и кои биле изложени на типично урбано загадување, воглавно од автомобили, автобуси и камиони. Сите трудници последните месеци носеле посебни "ранци за мерење на загадувањето".

Децата кога имале по пет години добиле тест за интелегенција, и утврдено е дека оние кои биле изложени на загадување полошо го решиле тестот. Разликата е во четири-пет бода, но научниците тврдат дека тоа е голема разлика која може многу лошо да се одрази на постигнувањето и успешноста на децата во училиште. "Ова на многумина ќе им ги отвори очите", изјави педијатарот Мајкл Малс од Универзитетот во Чикаго.


Сподели                                                                                                                 [ 20-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com