-->

Како да бидете побрзи, поздрави, поефикасни...

Отстранувањeто на растенијата од канцеларијата, што е еден од првите чекори што ги превземаат работниците, кога ќе сакаат да заштедат поради рецесијата, можеби и не е најпаметно бидејќи тие позитивно делуваат на работната атмосфера, тврди раководителот на компанијата Ambius Ray Borg.

Амбиус е компанија која продава растенија па не е потполно праведна, но своите тврдења ги поддржува од резулатите добиени од истражувањето. Така научниците од техничкиот факултет во Сиднеј утврдиле дека растенијата во просториите го подобруваат квалитетот на воздухот бидејќи ги апсорбираат гасовите кои ги емитираат пластичните производи.

Тим на научници од универзитетот во Суреј во Велика Британија потврди дека нивото на стресот е понизок во канцелариите во кои има собни растенија. Колку е подосадна работата толку е поголем ефектот од собните растенија, како на пример палмата.

Американските научници утврдиле дека во просториите каде нема прозорци, крвниот притисок кај работниците кои имале цвеќе во канцеларијата бил помал во однос кај онаа група на испитаници кај кои немало растенија. Работниците со "цветна канцеларија" имале 12 % побрза реакција отколку нивните колеги во "досадната канцеларија".


Сподели                                                                                                                 [ 16-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com