-->

Утре Ето во Интер, Ибра во Барса

Според агентот на Ето утре би требало да биде се завршено и Ето да биде новото засилување на Интер, а Ибрахимовиќ да оди на Камп Ноу.

После вториот состанок денес на Месаљес со управата на Нероазурите скоро се е договорено и останува утре уште мал дел да се разреши и да биде заклучен договорот.

Како што известуваат италијанските медиуми Камерунецот ќе треба да потпише 5 годишен договор за кој ќе добива по 11 милиони евра годишно и плус голем бонус ако тимот ја освои Лигата на Шампионите.

“Утре ќе продолжиме со преговорите и мислам дека сме многу блиску до договор, па се надевам дека утре ќе биде и официјално со потпис.“ - изјави Месаљес.

Најверојатно според шпанските медиуми проблемот е во парите шт Барселона треба да му ги исплати на Ето. Каталонците треба да му платат 11 милиони евра бидејќи го прекинуваат договорот, но тие одбиваат да го сторат тоа и по се изгледа Ето ќе треба да се задоволи со само 5 милиони или пак ќе бара некое решение со Интер.

Да не заборавиме дека овој трансфер е исто од големо значење за Интер бидејќи тие ќе земат 45 милиони евра и одличен напаѓач во Ето. Но исто Ибра до оваа година беше најплатениот фудбалер на планетава и во 2013 требаше да земе 18 милиони евра годишна плата. Значи нивниот буџет доста ќе се растерети, затоа и од оваа страна влегуваат доста претпазливо.

Швеѓанецот имаше мала повреда на пријателскиот дуел со Челзи, но снимките покажаа дека нема скршеница на левата рака.

Ибра исто ќе потпише 5 годишен договор со Барса и неговата нето плата ќе остане иста како оваа што ја земаше на Џузепе Меаца.

По се изгледа Хлеб нема да биде вклучен во трампата бидејќи не е според желбите на Мурињо, така да цената би може да порасне и на 50 милиони евра.


Сподели                                                                                                                    [ 23-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com