-->

Овошје и зеленчук за здрав дишен систем

Научниците од Универзитетот во Бостон откриле дека внесот на барем седум единици сервирања овошје и зеленчук дневно, го намалува ризикот од инфекции на горниот респираторен систем.

Студијата е спроведена на 1000 трудници, а резултатите покажале дека оние жени кои конзумирале најмногу овошје и зеленчук имале за 26% помал ризик од инфекции во споредба со жените кои внеле најмалку од овие намирници.

Познато е дека обилното овошје и зеленчук во исхраната го зголемува имунитетот, но ова е прва студија која покажала дека овошјето и зеленчукот може да ја намалат зачестеноста на инфекции на горните дишни патишта кај трудниците.


Сподели                                                                                                                 [ 18-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com