-->

Откриено растение кое само се наводнува

Група на научници од универзитетот во Хаифи наишле на необично и ретко растение кое расте во израелската пустина Негева, а може да се наводнува самото себе

Растението потекнува од фамилијата пустински рабарбари, со латинско име Rheum palaestinum, откриено од израелските ботаничари уште пред 70 години. Се има прилагодено на тешките пустински услови така што има развиено посебни листови - широки и полни со каналчиња во кои и најмалата капка вода стигнува до коренот.

Ова е едниствено растение во светот од ваков вид. Растението би можело да биде пример за научниците и човештвото за тоа на кој начин најдобро да се искористи потрошувачката на вода во агро културата, особено во посебно сушните краеви. Месното население тврди дека растението расте исклучиво во Израел и околу Јордан.


Сподели                                                                                                                 [ 09-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com